Којабашев: Иницијативата за референдум за договорот со Бугарија не е пречка

by Fokus

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Којабашев смета дека иницијативата за референдум во Северна Македонија против Договорот со Бугарија нема да претставува пречка во исполнувањето на обврските што ги презеде Скопје, бидејќи, како што вели тој, претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери ја отфрлил иницијативата како неуставна.

-Од оваа гледна точка, во моментов не сметаме дека ова прашање ќе биде актуелно, бидејќи политичките партии Левица и ВМРО-ДПМНЕ засега само ја оспоруваат оваа одлука на јавниот простор, но од правен аспект, тоа е сосема непоколебливо, изјави Којабашев, а пренесува БНР.

Министерството за надворешни работи на Бугарија информираше дека на 12 септември членовите од бугарската страна на Мешовитата историска комисија пред министерствата за образование и наука и за надворешни работи ги презентирале резултатите од работата на Комисијата во областа на образованието.

Како што пренесе БНР, Министерството соопштило дека се започнати подготовките за имплементација на договорите.

Поврзани новости