Не поминаа ниту амандманите на СДСМ за Законот за јазици, Груби тврди дека не се работи за блокада

by fokus

Синоќа пред полноќ заврши амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците без да биде усвоен ниту еден од предложение 90 амандмани, со што предлог текстот ќе оди на гласање на пленарна седница.  Комисијата за европски прашања не ги прифати амандманите на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ, а пратениците од ДУИ ја исполнија вчерашната седница со долги реплики и читања на законот.

Според претседателот на Комисијата од ДУИ, Артан Груби, не се работи за никаков вид на блокада со цел да се спречи расправата на амандманите. Тој рече дека не може да ги ограничи пратениците во должината на нивните говори. Груби додаде дека ДУИ не поддржува промена на текстот на законот, кој, како што рече, е производ на политички компромис.

Амандманите на СДСМ имаа за цел унапредување на јазиците на другите малцински заедници.

Од Комисијата со која претседава Груби соопштија дека во согласност со Деловникот, не се водел претрес за поднесените амандмани затоа што истекол рокот од најмногу три работни дена. Од 90 амандмани, 84 беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од БЕСА.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА ја бојкотираа седницата.

Поврзани новости