499
Заменик-министерот за култура Даим Ључи останува во Владата и излегува од неговата партија, Алтернатива, која одлучи да ја напушти владината коалиција.
Лучи беше единствен функционер од Алтернатива за кого премиерот Димитар Ковачевски не побара разрешување, преку социјалните мрежи објави дека повеќе нема да биде дел од Алтернатива додека на нејзино чело е Африм Гаши.
„Не плачете како жени, кога не сте способни да заштитите како мажи“, пишува Ључи, изнесувајќи серија обвинувања кон партискиот лидер Гаши и потпретседателот на Алтернатива, довчерашниот министер за здравство Беким Сали, велејќи дека бил бојкотиран од нив и оти излегувањето на Алтернатива од владината коалиција е само затоа што се разрешува Сали, кој е близок со Гаши.