Познатата американска веб страница „Celebrity net worth“ на која секојдневно се објавуваат податоци за најбогатите луѓе на светот, од сите области, неодамна објави листа со најбогатите балканци.
Помеѓу нив се најде и името на професионалниот фудбалер Горан Пандев, кој според објавата има нето вредност од пет милиони долари.
До овие бројки уредниците на веб страницата доаѓале така што правеле проценки на имотот и финансиските активности на светски познатите личности.
Но, иако се најде на листата со најбогати балканци, пред Пандев на „Celebrity net worth“ се наоѓа името на легендарниот музичар Тоше Проески.
Податоците кои се објавени за него откриваат дека неговата вредност се проценува на 10 милиони долари.
Објавена е неговата биографија, и тоа дека своевремено BBC го нарекол Елвис Присли на Балканот.
На балканската листа на најбогати, на прво место е тенисерот Новак Ѓоковиќ, потоа фудбалерот Лука Модриќ, музичарите Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Драгана Мирковиќ и други.
Вики Клинчарова