Не ни треба ФБИ, ни треба независно судство и обвинителство, рекоа пратеници од СДСМ

by Fokus

Опозицијата ја прифати, а власта ја отфрли иницијативата на Павле Трајанов од Демократски сојуз за формирање на македонско ФБИ (при примерот на американското Федерално биро за инстраги) кое ќе лови криминал и висока корупција. Со осум гласа против и пет „за“ предлог законот не помина на Комисијата за политички систем во Собранието.

До пратениците не допреа апелите на Трајанов.

-Дајте одважете се, оставете ги настрана партиските ставови, дајте поддршка на законот во интерес на граѓаните и во интерес на евроинтеграциските процеси – порача тој.

Според пратениците на СДСМ веќе имаме институции кои треба да се борат со корупцијата, но признаа дека треба да станат поборбени.

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска – Ванчева, смета дека надлежностите на Агенцијата ќе се вкрстат со тие на МВР, Обвинителството, Финансиска полиција, Антикорупција и затоа нема потреба од дополнителна агенција.

-Имаме проблеми во обвинителството и судството и со тие проблеми треба да се занимаваме, а не со формирање на уште едно ново тело – рече таа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека институциите постојат но не ја вршат нивната работа како што треба.

Според предлогот на Трајанов, Агенцијата би имала директор 7 годишен мандат, кој би се избирал од управен одбор составен од лица со висок кредибилитет и интегритет. Главната работа на Агенцијата би била откривање на тежок организиран криминал и висока корупција.

 

Поврзани новости