424
Скопјанец извршил разбојништво во обид во менувачница на улиџата „Московска“ вчера околу 13.30 часот. Се претставил како вработен во Управата за јавни приходи и побарал да влезе позади пултот, но вработената не му дозволила, велат од полицијата.
Потоа излегол надвор и со камен почнал да удира во шалтерското стакло. Во тој момент вработената го вклучила алармот, а сторителот избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.