Приведениот Арачиновец заплашувал со петарди, а напишал и заканувачко писмо

by Fokus

Педесет и седумгодишен Арачиновец бил приведен во близина на Врховен суд затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа, информираат од МВР.

Според полицијата, тој бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина.

По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости