531
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска од Собранието истакна дека ќе се бранат државните интереси во однос со проблемите со Бугарија кои се актуелно во последните неколку седмици.
„Јас не можев да чекам завршување на истрагата кога ја видов загиженоста на родителите на Пендиков. Сезоната на политички профитери е почната и секој на вакви теми ќе се обиде да го изгради својот наратив. Ние треба да го зачуваме тој интегритет и имиџ. Во Северна Македонија нема дискриминација кон одредена заедница. Затоа, тоа одење во Софија го затвори тој случај. Така треба да продолжиме. Да изградиме стратегија за зачувување на државните интереси“, рече Османи.