Ковачевски: Во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија!

by Fokus

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања говореше запоследните случувања на релација Македонија-Бугарија и инцидентот во Охрид кога беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Тој истакна дека државата ги презема сите дејства согласно законот, за сите провокатори кои се обидуваат да ги нарушат односите помеѓу двете држави.

„Во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија. За последните инциденти има одговорни лица, затоа што се акти на поединци и не може цела една држава да сеобвини за постапка на поединци. Ги преземаме сите дејства согласно Уставот и продолжуваме да бидеме конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости