Пишува: Кирил ЕФРЕМОВСКИ
Поминаа 15 дена од донесувањето на срамната одлука на Ѓорге Иванов за аболицирање. Толку дена траат и масовните граѓански протести против истата таа одлука, со која претседателот на државата изврши атентат врз владеењето на правото и дополнително уништување на демократските процеси во Македонија. Додека граѓанските протести секојдевно се шират, а незадоволството незапирливо расте, истовремено со зголемувањето на меѓународниот притисок врз власта и претседателот, Џорџе фатен во немајкаде, деновиве, упорно молчи. Абер или индиции дека некогашниот професор по право ќе најде правен механизам за да ја повлече или поништи аболицијата, засега нема.
Бидејќи владеачката клика има работа на неколку „фронта“ истовремено, кој од кој посериозен, досега реши бенигно да се справува со сите илјадници граѓани кои своето незадоволство од носењето на државата во амбис, решија гласно да го искажат преку протести. По првите сериозни знаци дека #протестирам и #Шарена револуција не е само краторочен порив и гнев кој со текот на времето ќе згасне или ќе се изгуби поради интерни несогласувања, владеачката клика реши посериозно и практично да делува со последените обиди на сатанизација и бранење на нешто што е неодбранливо.
МВРО ВО АКЦИЈА
Така веќе трет ден во зголемен погон и со ново гориво е ставена владината пропаганда, лично со првите перјаници на провладината болумента. Властодршците во последната хајка и линч против сите кои се на улиците и извикуваат „Нема правда, нема мир“, а по традиција во ваквите сценски изведби, прво го употребија нивниот се уште најсилен апартачик – МВРО, овој пат предводен од Чавков. Во добар дел од натамошните фази при таканаречената пресметка “Класната од Кала“ ќе го предводи линчот, засилена од верните и ученици на националните телевизии, додека Центарот за комуникации до крај ја разработи и операционализира стратегијата за пресметка со домашниот, а богами и надворешниот непријател, предводен, разбира се од Чадорот.
Се разбира, тоа сценарио ќе следи во продолженија и во зависност од развојот на ситуацијата на терен, а на крајот на нејзината најавена петологија ќе може да и подзавиди дури и Ден Браун.
Приведувањата, домашните притвори и кривични пријави врз граѓанските активисти и пресметката со политички партии и организации, истовремено додека пропагандистите пишуваат колумни и постови и сатанизираат на Интерент се што мисли поинаку од нив, имаат цел да ја одземат енегријата и мотивот на активистите и граѓаните, ги дефокусираат илјадниците демонстранити кои почнаа да се самоорганизираат низ цела Македонија. Со тоа болументата сака привидно го амортизираат и потиснат гневот и револтот и, реално да уплашат дел од илјадниците граѓани кои протестираат против аболицијата на Иванов, но и поради начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дополнително ја продлабочија политичката криза, притоа зголемувајќи ја општествената поделба.
Во ваквите моменти соочени со сериозни закани, притисоци, употреба на селективна правда и сила, додека удбашите штанцаат нови листи непријатели на вмрото и македонштитната, најважно е да се сочуваат присебноста, мотивот и гладта за правда. Истовремено, нивните сатанизирања, пропагандни удбашки памфлети и списоци треба да послужат само за хумор и исмевање, односно најдобро за целосно игнорирање од сите прозвани во #протестирам.
Оној момент кога ќе почне да се игра по нивната игра и правила, се паѓа во пропагандната замка од продолжување на нивната измислена и конспиративна приказна. Затоа игнорирањето на таквите подземни и конспиративни приказни е нешто е што е неопходност, а не давањето живот на истите преку сето губење на енеријата и фокус со стотиците дообјаснувања и контранапади на социјалните мрежи. Нивните измислени приказни ќе живеат онолку долго, колку што некој од прозваните во иднина ќе ги споменува.
Она што главните пера на пропаганданата машинерија го знаат, исто како и оние кои им ги издаваат таквите наредби е дека ниту со притвори, ниту со затвори, ниту со најцрната пропаганда нема да можат да убијат и спречат одреден идеал и идеја. Не, особено кога тие изворни идеи претставуваат НЗС за илјадници граѓани од цела Македонија, со различна етничка, политичка, класна и општествена позадина. Гласот за правда, правичност, неселективна правда и подобро утре не може да биде замолчан. “Неможете да убиете идеја“.
ИГНОРИРАЊЕТО НЕ СПРЕЧУВА МОНЕТАРЕН КОЛАПС
Протестите по македонските улици изминатите две недели, на кои им се приклучуваат се повеќе луѓе, освестени што се случува во оваа Македонија и поради кои политичари дојдовме онаму каде што сме сега, се доволен знак дека новите лица на Македонија кои и пркосат и на властодршците, но и на оние од другиот табор сега политички се калат и оформуваат, а Шарената револуција предводена, начелно од оние помладите и се уште партиски неопределените, се новиот глас во политичкото одлучување. Односно, оние кои за две или три години од сега, ќе бидат главните исцртувачи на новото институционално и општествено прочистување и стабилизирање наМакедонија.
Додека владечаката клика ги игнорираат сериозните предупредувања од Брисел, Берлин и Вашингтон за сериозни санкции, мерки и меѓународна изолација на државата поради продлабочувањето на политичката криза и оддалечување на Македонија од евро-атланските интегративни процеси, Никола Груевски и неговите најблиски соработници и натаму ќе ги почнуваат утрата читајќи вести дека помеѓу населението почнува да владее недвојбена паника за тоа до кога ќе остане стабилен курсот на денарот и кога, а не дали ќе не удре нова инфлација.
И во таа општа состојба на недоверба и паника, нема да настрадаат само предавниците, соросоидите или заевистите. Подеднакво ќе загубат сите кои живеат во оваа земја, токму поради потезите на Никола и неговото натамошно одење со главата в sид. Клучни ќе бидат следните неколку дена и потезите на Груевски но и Иванов, дали редовите во банките и менувачните ќе растат, а вредноста на националната валута ќе опаѓа. И таквата состојба која прескапо ќе нѐ чини подеднакво сите, нема да ни бидат виновни ниту Светската банка, ниту ММФ или Брисел, ами лично оние кои засега се аболицирани.