Не може Македонија како земја за брзо време да скокне во првите земји според образованост. Ова денеска го порача министерот за образование, Арбр Адеми, откако тестирањето на ПИСА не покажа добри резултати за средношколците од Македонија.
„Ние не можеме преку ноќ да бидеме во првите 10 земји и според мене ова е значителен напредок. По сите области Северна Македонија оствари најголем скок, по напредок на резултатите. Треба сериозно да се сфати оваа работа и нашата држава не е на четврто место од долу на табелата. Сите политики ќе вродат со плод, но не може преку ноќ да се смени нешто. Знаете дека има реформи во основно образование. Овој резултат треба да не радува и посветено да работиме за следното тестирање. Сите тестови биле пополнети и во иднина ќе постигнеме подобар резултат од било кога“, додаде Адеми.