Адеми: Денешниот резултат на ПИСА е најдобриот досега!

by fokus

Министерот за образование, Арбр Адеми на денешната прес-конференција порача дека е задоволен од резултатите на ПИСА, кога беше спроведено тестирање на ученици на возраст од 15 години.

„Резултатите кои ги постигнавме се најдобри досега и се значително подобри од резултатите на двете изминати тетирања. Ние сме една од земјите со најголем напредок и со највисок скок во областа на читање со разбирање. По природни науки сме на на второ место, 3-то место во обасата по математика. Резултатите по математика се подобрени за 23 поени. На официјалните ранг листи, Македонија е на 62 место по природни науки, на 66 по читање. Во сите области имаме значителни пдообрувања на резултаттите. Тој напредок во резултатите е плод на инклузивен пристап и добрата организираност во школите. Генерациите покажаа дека имаат потенцијал и покажаа дека оваа земја има капацитет и создава едуцирани генерации. Сето ова ќе не мотивира да го држиме критериумот и само преку ваков начин оптимист сум дека ќе продолжиме напред и на следното меѓународно тестирање ќе постигнеме уште подобри резултати. Се движиме на прав пат да создадеме конкурентен нацонален систем“, истакна Адеми.

 

Поврзани новости