78
Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир рече дека нема да коментира политички изјави за време на изборната кампања. Тој беше прашан за коментар во однос на изјавата на кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, кој кажа дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идната влада.
Сепак, евроамбасадорот нагласи дека очекува да бидат донесени уставните измени. Според него, внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го продолжи патот на земјава кон ЕУ.
„Ние сме среде изборна кампања и не одговорам на политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени, кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската Унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Гир.