Не ја почитувал самоизолацијата и заразил повеќе лица, МВР му поднесе кривична пријава

by fokus

Лицето Ф.К. откако се вратил во странство и потпишал изјава за самоизолација, истата не ја почитувал и заразил неколку лица, информираше дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. Таа рече дека на лицето му е поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство, бидејќи ги прекршил членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

-Осомничениот наместо да ги почитува прописите тој се однесувал спротивно на одлуките и во континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, остварувал и средби во фирмата.
Од полициски службеници од полициската станица Карпош извршена е проверка и разговор со обвинетиот. Тогаш тој дал изјава дека нема остварено влез и излез од земјава, со што дал лажен исказ. Лицето Ф.К. непочитувајќи ги прописите за заштита од ширењето на заразна болест заразил повеќе лица и со тоа придонел во ширењето на епидемијата, рече Петровска.

 

Поврзани новости