Не ги исмејувајте идните генерации, порачаа средношколците од пред Влада

by fokus
Бленди Ходаи, претседателот на Средношколскиот сојуз, денеска од пред Владата на Северна Македонија, се обрати кон средношколците.
Целосна онлајн настава не е никако прифатлива за овие ученици.
„Образованието е најважната сила во општеството. За Владата не е проблем што плажите се преполни, што за време на кампањата, плоштадите беа преполни. Да не заборавиме дека онлајн учењето ги продлабочи поделбите. Ние нема да бидеме жртви на никој. Учениците треба да бидат признаени како рамноправни учесници во општеството. Бараме да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот и враќање на учениците во училиштата. Не ги исмејувајте идните генерации”, истакна Ходаи.
Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости