Не е познато како се заразил медицинскиот персонал на Нефрологија

by fokus

На Клиниката за нефрологија има девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари кои во моментов се заразени со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Меѓу заразените е и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ.

Изворот за заразата, како што посочуваат од Министерството, се уште не е конкретизиран со оглед на тоа што во моментов се спроведуваат епидемиолошките анкети.

Работата на Клиниката се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од страна на вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се во изолација, потенцираат од Министерството за здравство.

Поврзани новости