Не давам оставка и нема да одиме на предвремени избори, вели премиерот

by fokus

Премиерот Зоран Заев вели дека нема да даде оставка по бугарското вето и е дециден дека предвремени избори нема да има, бидејќи тоа би значело изневерување на граѓаните кои му ја дале довербата.

-На барање на опoзицијата поднесов оставка во 2019 година, понесувајќи ја одговорнста за француското вето. Го повикав народот да се изјасни, победивме на изборите. Моето повлекување ќе значи изневерување на граѓаните кои ми ја дадоа довербата. Продожуваме понатаму со нашите евроинтеграциски процеси, надевајќи се дека час поскоро ќе се реши прашањето со Бугарија, а и доста е веќе од предвремени избори, ветивме редовни избори, по четири години. А и што ако одиме на избори, да се повторат истите бројки? Водиме 4,3 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, ништо посебно нема да се смени, а и ќе и потрошиме на државата нови шест месеци, ќе нанесеме и економски штети кога се очекува рестарт. Нема да одиме на избори, рече Заев во вестите на ТВ Сител.

Поврзани новости