465
Обвинетата Гордана Филиповиќ, која минатиот јануари го прегази Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска пред судот истакна дека не чувствува вина за стореното дело, пренесува Макфакс.
„Да, разбирам за што сум обвинета. Според ова обвинение, не се чувствувам виновна“, рече обвинетата Филиповиќ, која е мајка на Јелена, 17-годишната кумановка која беше прегазена во Скопје пред три години.
Како што рече нејзиниот адвокат, Љубомир Михајловски, ќе се докаже дека најголем придонес за да се случи оваа несреќа има покојниот Ангеловски.