Национална демократска преродба (НДП) денеска испрати соопштение во кое вели дека последниот извештај на Фридом хаус уште еднаш потврдува дека Македонија продолжува да биде лош пример за слободата на медиумите и борбата против корупцијата.
-Овој извештај силно го аргументира конзистентниот став дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека се бара голема посветеност за решавање на круцијалните проблеми, вклучително и реформите во областа на слободата на медиумите. Национална демократска преродба потенцира дека притисоците и влијанието од политичките партии врз медиумите треба веднаш да престанат и да се овозможи нивно реформирање со цел слободно информирање без уцени и притисоци, се вели во соопштението на НДП.
НДП повторува дека овие аргументи треба силно да ја убедат меѓународната заедница, иако тие се убедени, дека земјата е далеку од фер и демократски избори, и дека целата концентрација треба да се намени за решавање на круцијалните проблеми кои не дозволуваат никаков развој на земјата.