-НДМ го повикува Министерството за култура да и објасни на македонската јавност, какво е значењето за Македонија на како што ја ословуваат скопјанката Гонџа Бојаџиу, за да го добие централното место во македонската историја земајќи предвид дека местото предвидено за споменикот не е само центарот на Скопје туку го симболизира и центарот на Македонија, а сето тоа во услови кога веќе постои импозантно обележје- спомен куќа на Мајка Тереза исто така во центарот на Скопје, реагира Народоното движење за Македонија, откако беше најавено дека ќе се потрошат од 6 до 8 милиони евра за нов споменик на Мајка Тереза.
Од НДМ велат дека со поставување на втор споменик во најцентралното подрачје на Македонија се нанесува голема неправда и навреда за најзначајните борци кои животот го положија за слободна и независна Македонија
-Постојат и повеќе други начини како може Македонија да и искаже достојна почит на Мајка Тереза за нејзината хуманитарната дејност, но никако со нејзино ставање на врвот преку најрепрезентативното обележје во историјата на Македонија, велат од НДМ.