Заев на Пелинце, Шеќеринска во Крушево

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод денешниот празник ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар во Пелинце. Во делегацијата на СДСМ ќе бидат и генералниот секретар Оливер Спасовски и претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Потпретседателката на најголемата опозициска партија пак. Радмила Шеќеринска ќе положи  цвеќе на гробот на Никола Карев во Крушево, по што цвеќе ќе биде положено и на Мечкин камен. Во придржуба на Шеќеринска ќе бидат Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и Трајче Калески, претседател на ОО СДСМ.

Во Скопје пак, партиската делегација предводена од Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, во состав Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и членката на И.О Сања Лукаревска ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во Паркот жена Борец, на споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието на РМ, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот Македонија.

Поврзани новости