НДМ на Бачев ќе ја тужи ДИК

by Фокус

Претседателот на НДМ, Јанко Бачев, на денешната прес конференција обвини дека Државната изборна комисија ги разгледала и отфрлила листите на Народното движење на Македонија надвор од условите определени со Изборниот законик. Поради ова, НДМ  ќе поднесе тужба до Управен суд за ваквата одлука.

-ДИК со свое решение ги отфрли листите на НДМ, како што се вели во него, од причина што немаме доставено фоткопија од лични карти на кандидатите за пратеници и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска постапка. Со тоа ДИК поставила два дополнителни услови кои немаат правен карактер, изјави Бачев.

Тој рече дека поднесените листи од НДМ ги содржат сите услови определени со Изборниот законик и оти никаде не е пропишана обврска за доставување на копија од лична карта и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.