Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост за формирањето на заедничката платформа на албанските партии. Според нив, договор диктиран од Тирана претставува атак врз македонскиот суверенитет и бараат македонските политичари да ги заштитат државните интереси.
-Ова особено добива на сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет се смета за објава на војна и загрозување на меѓународниот мир и безбедност.
Оттука, НДМ смета дека е созреан условот Владата на Република Македонија во согласност со своето меѓународно правно-признато право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и Косово по мирот и безбедноста како орган чија примарна надлежност според Повелбата на ОН е меѓународниот мир и безбедност.
Истовремено, НДМ ги повикува Груевски и Заев како најодговорни во моментот за опстанокот на земјата да се вразумат и веднаш да усвојат национален документ за виталните национални и државни интереси во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори и составува влада.
Всушност, токму недозволивото превирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашањата од највисок национален интерес ја постави сцената за ваквото однесување на Албанците во регионот – велат од НДМ.