НБРМ: Значително намалување на девизните резерви

by Фокус

Забележано е значително намалување на девизните резерви на почетокот на годинава, се наведува во најновиот извештај на Народната банка на Република Македонија за макроекономските показатели за декември 2014 година и јануари 2015 година.

-Најновите податоци за девизните резерви покажуваат значително намалување од почетокот на годината, без ефектите од цените и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност. Намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата, при што најголем ефект имаше предвремената отплата на кредитот од ММФ, стои во извештајот на НБРМ.

Во извештајот се предвидува дека македонската економија и понатаму ќе бележи економски раст со сличен континуитет како и досега. Сепак, треба да се има во предвид дека еконмскиот раст не секогаш значи и економски развој, односно подобрување на економскиот стандард на граѓаните.

Поврзани новости