НБ: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

by Fokus

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. 

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни бележи раст од 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 3,99 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,21 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 0,97 проценти, посочуваат од Народната банка.

Оттаму нагласуваат дека во јуни продолжил трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и изнесува 4,27 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 проценти.

Поврзани новости