Навални префрлен во самица, шест месеци без посетa: „Дури и сериските убијци имаат права“

by Fokus

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во притвор, денеска објави дека е преместен во строга самица, каде што ќе му биде забрането да има посетители во следните шест месеци.

Навални е еден од ретките опозициoнери во Русија, кој доби поддршка од јавноста со тоа што преку истраги утврди дека одредени политичари од власта се збогатиле на сметка на државата, наведува Ројтерс.

„Не сум имал ниту една посета во последните осум месеци, а вчера ми рекоа дека ќе бидам префрлен во самица максимум можен период од шест месеци“, објавено е на Твитер профилот на Навални, кој го уредуваат неговите соработници.

„Таму не се дозволени посети. Тоа за мене значи повеќе од една година без посета. Дури и манијаците и сериските убијци кои отслужуваат доживотна казна имаат право на посета, само јас немам“, стои во објавата на Твитер.

Навални е притворен во казнена колонија со максимална безбедност во Мелехово, на околу 250 километри од Москва, а неговите поддржувачи велат дека неговата здравствена состојба значително се влошила откако десетина пати бил префрлен во самица, наведува агенцијата.

Поврзани новости