690
Водачот на руската опозиција Алексеј Навални сè уште е во индуцирана кома, но не е животно загрозен, иако неговата здравствена состојба е сè уште сериозна, соопшти болницата во Берлин каде е сместен.
-Пациентот сè уште е во одделот за интензивна нега во индуцирана кома и е на механичка вентилација“, се вели во соопштението на болницата.
Навални беше сместен во болница во Омск пред неколку дена, откако ненадејно му се слоши во текот на лет. Претходно на аеродромот испил пијалок со кој, како што тврдат неговите приврзаници, бил отруен. На барање на семејството, тој беше префрлен од Русија на лекување во Германија.