Заменикот-министер за финансии, Кире Наумов, го употребил своето законско право и ставил вето за ново задолжување од 100 милиони евра на домашниот пазар, најавено за вторник 01.12.2015 година, соопшти денеска СДСМ.
Ова ново задолжување кај домашните кредитори, СДСМ го нарече „ново задолжување на македонските граѓани од страна на Груевски и Ставрески“.
-Ова ново задолжување е доказ дека државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена, стои во соопштението од СДСМ.
Од опозициската партија велат дека нивна обврска е да не дозволат дополнително задолжување на идните генерации.