393
Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, денеска реагира на аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре.
-Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање. Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Р.М. на терет на граѓаните да запише нов нето долг. Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации. Обидот на Миноски да тргне по патот на неговиот претходник нема да успее, вели Кире Наумов.
Дополнителниот заменик министер за финансии додава дека за сите злоупотреби на граѓаните ќе има одговорност.