Наумов: Македонија се соочува со историски најголем јавен долг

by Фокус

Вчера добивме официјален податок од Министерството за финансии дека на 31.12.2015 година, имаме историски најголем јавен долг од над 4 милијарди 224 милиони евра.Тоа е историски најголем долг во апсолутна вредност откако е осамостоена оваа држава. Тоа значи дека веќе и по нивните податоци излегува дека долгот е 47% од бруто – домашниот производ тврди дополнителниот заменик – министер за финансии од редовите на СДСМ, Кире Наумов.

Тој предупредува дека ако Македонија продолжи да се задолжува со ова темпо, ќе влезе во фаза на високо задолжена држава којашто нема да може понатаму да ги сервисира своите долгови.

– Само во овие последни месеци, односно во последните 90 дена од минатата година, оваа Влада не задолжувала по 3 милиони евра дневно. Доколку не успеевме да ја преполовиме еврообврзницата задолжувањето ќе беше по 6 милиони евра дневно. Ако продолжи ова темпо, имајќи во предвид дека власта и во првите 2 – 3 недели од Јануари не задолжи за 40 милиони евра, некаде до средината на годината долгот ќе достигне над 50% од БДП. Тоа е веќе класично должничко ропство и Македонија ќе влезе во фаза на високо задолжена држава којашто нема да може понатаму да ги сервисира своите долгови – дпдава Наумов.

Поврзани новости