Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во интервју за телевизија 24 Вести рече дека ако сегашниот нов долг од 56 милиони евра кај домашните кредитори се оспори, тогаш банките, приватните пензиски фондови, осигурителните компании и другите владини кредитори ќе се соочат со проблем.
-Добронамерно велам дека треба да бидат внимателни. Не можам да тврдам, но мислам, а тоа и се гледа дека постои огромен притисок да се вложува во државни хартии од вредност. Мојот апел до кредиторите е добронамерен, наспроти тоа што го гледам како банкарите како дечиња градат куќичка од проектот „Купи куќа – купи стан“, е тоа е омаловажување. Ако овој дел од долгот, што сега се создава без моја согласност биде оспорен, тогаш ќе биде проблематично за кредиторите. На пример, тој дел од долгот би им се вратил преку долгорочни хартии од вредност, ако можеше така да се обештетуваат граѓаните, тогаш зошто тоа да не се примени и кај банкарите на пример, рече Наумов.