СДСМ: Груевски никако да одговори за злосторничкото здружување

by Фокус 22:51
22:51

Никола Груевски цела недела се крие од јавноста и никако да одговори која е неговата улога во злосторничкото здружување, реагираат денеска од СДСМ на молкот за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Титаник“ во кој осомничени се поранешни министри од неговата влада.

-Седум дена Груевски бегаше од новинарските прашања, се појавуваше само на претходно наместени настани за денеска кукавички да се крие зад интервју со нарачани прашања. Наместо да се крие, Груевски да излезе јавно и пред граѓаните да каже која е неговата улога во ова злосторничко здружување, дали тоа е правено по негов налог. Човекот којшто ја создаде политичката криза во Република Македонија, Никола Груевски, не може да зборува за нејзино решавање, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Од СДСМ додаваат дека политичката криза ќе заврши на слободни, фер и демократски избори на коишто граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја за промени, за слобода, демократија и европски вредности.

-Избори на 24-ти април не може да има, тоа им е јасно на сите. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори кога ќе се исполнат условите, кога ќе се прочисти Избирачкиот список, кога ќе се спроведе регулација на медиумите. Никола Груевски, човекот којшто ја згази демократијата и го создаде медиумскиот мрак, платен со милионски суми пари на граѓаните, не може да зборува за слободни медиуми. Никола Груевски сака медиумскиот мрак да го користи за спас на сопствената кожа, стои во соопштението.

Поврзани новости