Наумов: Без мојот потпис новите задолжувања се незаконски

by fokus 17:49
17:49

Дополнителниот заменик министер за економија, Кире Наумов реагираше по денешното задолжување на Владата, која од домашните кредитори позајми 34 милиони евра или пет милиони евра повеќе од планираното.

Наумов го предупредува министерот Кирил Миноски дека секое задолжување кое е направено без негов постпис, според пржинскиот договор е незаконско.

-Незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа неодговорна власт не е доволна за сервисирање на редовните обврски на буџетот..Наместо во најмала рака задолжувањата на домашниот пазар на хартии од вредност да се во рамките на износот на долговите што доспеваат за враќање, министерот Миноски продолжи со трупање нови долгови. Повторно укажувам дека секое вакво задолжување на Владата без согласност на дополнителниот заменик-министер за финансии е незаконско – вели Наумов.

Дополнителниот министер порача и дека сите нови задолжувања ќе бидат преиспитани во предизборниот период.

Поврзани новости