Шилегов: Бројот на загинати во поплавите можеби е значително поголем

by fokus

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска ги обвини надлежните институции дека потфрлија во справувањето со поплавите, бидејќи и еден месец потоа се уште нема конечен биланс за загинатите.

-Знаеме дека се најмалку 23, но ниту една институција не ги отфрли неофицијалните информации за неколкупати поголема бројка на загинати, а не се знае ни бројката на исчезнати – потенцира Шилегов.

Освен тоа, Шилегов рече и дека еднократната парична помош за семејствата на загинатите сè уште не е исплатена, а голем дел од поплавените граѓани не го имаат добиено ветениот аванс.

Поврзани новости