Од минатиот месец веќе почнаа да се организираат концерти во Македонија, откако повеќе од една година не бевме сведоци на такво нешто.
Голем дел од датумите се резервирани, а општиот впечаток е дека поголема предност се дава на музичките изведувачи од соседството отколку на домашните.
Популарната Цеца ќе има свој настап во август во Пробиштип, а се најавуваат и уште неколку српски ѕвезди кои летово ќе гостуваат во државава.
Македонскиот пејач Наум Петрески, во изјава за „Фокус“ вели дека е разочаран од ваквиот развој на настаните во Македонија.
„Немам коментар. Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“, кратко ни рече Петрески.
Фото – Роса продукција
Јорданчо Цветаноски