Научниците од Универзитетот Оксфорд развија брз тест за Ковид-19

by Fokus

Научниците од британскиот Универзитетот во Оксфорд развија брз тест за Ковид-19, кој може да идентификува корона вирс за помалку од пет минути, соопштија истражувачите, додавајќи дека тој би можл да се користи за масовно тестирање на аеродроми и во компании.

„Нашиот метод брзо открива недопрени честички на вирусот“, вели професорот Акилес Капанидис, од Оксфордскиот отсек за физика, додавајќи дека тоа значи оти тестот ќе биде едноставен, крајно брз и испатилив.

Универзитетот наведува дека се надева отисо производство на тестови ќе почне во 2021 година, пренесе Ројтерс.

Тестот е во состојба да открие корона вирус и да го воочи со голема точност.

Иако оксфордските тестови ќе бидат готови дури следната година, тое би можеле да помогнат во борбата против вирусот следната зима, наведе агенцијата и додаде дека здравствените службеници предупредија дека светот ќе мора да живее со корона вирусот дури и ако се развие вакцина.

Поврзани новости