Натпреварувачот во талент шоуто кој се расправаше со жирито, е мажот кој уби жена во кафуле во Риека!

by fokus

Музичарот Роман Брнада, познат во регионот како учесник во талент шоуто Суперталент, кој направи скандал среде настап, откако жири комисијата процени дека не пее доволно добро, е човекот кој ја згрози јавноста со свирепо убиство во кафуле во Риека среде бел ден.

Како што пренесоа хрватските медиуми, тој вчера попладне седел на иста маса со повозрасна жена во кафуле во центарот на градот и пиеле кафе. Одненадеж, тој станал и ја зграбил жената за врат, започнал да ја удира со раце и нозе и ја завлекол зад шанкот.

Неговата агресија била огромна, а келнерот не можел ниту да реагира од шок. Сведоци на настанот раскажаа дека музичарот често доаѓал во истото кафуле со жената, која според возраст можела да му биде мајка. Нападот врз неа бил толку брутален, што таа починала на самото место, а лицето и било целосно изобличено од ударите. Брнада побегнал, но набргу бил пронајден и уапсен.

Инаку, освен што јавноста го запозна како скандалозниот учесник во Суперталент, тој бил уличен свирач кој изведувал црковни песни.

Во емисијата каде настапи заедно со неговата сопруга Бианка Коломпар, која е виолинистка, иако жирито му кажа да ја напушти сцената, тој не престануваше да пее, а потоа започна и расправија со членовите. Тогаш, Маја Шупут, која е дел од членовите му кажа дека е агресивен,  по што тој продолжи да се расправа и и кажа дека пее подобро од неа.

И неговата сопруга се вмеша во кавгата, па настанот заврши со низа на навредливи зборови.

По скандалот, Брнада и неговата сопруга дадоа повеќе интервјуа, во кои раскажуваа дека се многу религиозни луѓе, кои со молитви им помогнале на многумина. Парот има снимено повеќе песни кои ги објавува на музичкиот канал Јутјуб.

Околу тоа која е причината за убиството на жената и во кое сродство била таа со него, се уште не се соопштени деталите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости