НАТО бара доделување на мандатот за составување на Влада на лидер на партиите што имаат собрано доволно потписи за состав на нова Влада.
„На самитот во Варшава во јули 2016 година, НАТО ги повика сите политички лидери во БЈР Македонија за целосно спроведување на обврските од договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците“, се наведува во денешното соопштение на НАТО.
Во соопштението се истакнува дека се очекува од властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес и ги повикаа сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани.
„НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјавите дадени на следните самити на НАТО“, соопшти Алијансата.
Извор: МИА