НАТО најави „сериозни последици“ за Русија при употреба на нуклеарно оружје

by Фокус

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека употреба на нуклеарно оружје со мала моќност во Украина би имало сериозни последици по Русија. Тој додаде дека НАТО е дефанзивен сојуз чија цел е да спречи конфликт или војна.

-Затоа, ја зајакнавме нашата моќ на одвраќање за да испратиме многу јасна порака до Русија дека сме тука да ги заштитиме и браниме сите членки на Алијансата. Видовме шпекулации за употреба на нуклеарно оружје со краток дострел во Украина и јасно и ставивме до знаење на Москва дека тоа ќе има сериозни последици за Русија – истакна Столтенберг.

Поврзани новости