586
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги предупреди сите оние кои бараат поголем ангажман од НАТО и воена помош за Украина, дека Алијансата мора да дејствува трезвено и внимателно за да не избие Трета светска војна.
– Очигледно НАТО не е во војна бидејќи тоа може да значи Трета светска војна. НАТО мора да дејствува трезвено и претпазливо. Путин исто така дејствува претпазливо. Имајте предвид дека тој не ја напаѓа западна Украина, таму нема руски војници, рече полскиот претседател во интервју за провладиниот неделник Сјеќи, пренесува Бета.