НАТО ги испрати условите што Македонија треба да ги исполни во наредните 18 месеци

by fokus

Владата на Македонија ги прими упатствата на НАТО кои треба да се исполнат во временски период од 18 месеци, како што беше наведено на Самитот на Алијансата што се одржа на 11 и 12 јули. Македонија мора да исполни голем број политички, економски, безбедносни и судски услови, а успесите на земјата мора да бидат крунисани до крајот на април 2020 година.

Во документот испратен до институциите што Алсат М го обезбеди од свои извори, за сите министерства има многу задачи, но нивната координација ќе биде направена од страна на Координативен совет на владино и министерско ниво, кој се очекува да помине на седница на извршната власт следниве денови. Во документот испратен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, меѓу политичките услови што земјата мора да ги исполни е наведено:

Продолжување на владеењето на правото и реформите во судството, вклучувајќи го зајакнувањето на независноста на судството и преземање активни чекори за зајакнување на одговорноста за корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво.

Да се зголемуваат напорите за изградба на функционално мултиетничко општество засновано на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Целосно спроведување на сите пропишани внатрешни процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, што е услов за успешно завршување на процесот на пристапување.

Да се обезбеди поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби. Имплементацијата на препораките од меѓународните партнери и законите донесени од декември 2017 година во оваа област.

Покрај политичките прашања, документот, исто така, нагласува бројни услови во областа на одбраната и војската. Меѓудругото, се нагласува потребата за следново:

Да се осигура дека нема уставни или законски ограничувања кои би можеле да ги попречат колективните одбранбени операции, да се проверат внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство.

Да се осигура дека сите стратешки насоки за развој, трансформација и функционирање на националниот систем на одбрана и способностите се во согласност со идното членство во НАТО.

Да се започне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили со цел постигнување на планираните воени капацитети и развивање на поспособни, расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата.

Одржување на нивото на расходи за одбраната што е доволно за поддршка за преструктуирање и модернизација на вооружените сили, што ќе овозможи ефективен придонес кон Алијансата, итн.

Поврзани новости