НАТО демантира дека ќе го преземе Криволак: Криволак е и ќе остане национална база

by fokus

Наводите кои се појавија во некои медиуми дека НАТО подготвува модернизација на базата во Криволак се лажни, коментираат од службата за односи со јавност од НАТО за МИА.

Руски медиуми во текот на денешниот ден објавија информација дека НАТО ќе добие воена база на Криволак со зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата, а шпекулираат и дека уште една база би можело да биде отворена кај Куманово.
-Ова е невистина. Северна Македонија сѐ уште не е членка на НАТО. Криволак е и ќе остане национална база, велат од НАТО за МИА.
Оттаму дообјаснуваат дека НАТО има Програма за безбедносни инвестиции која ги покрива сите главни проекти за изградба во земји сојузнички и дека тие проекти се разгледуваат само во земјите членки, како и дека „нема засега никаков план за финансирање на модернизација на базата во Криволак“.

Поврзани новости