559
Српските наставници кои денеска штрајкуваа во Белград, го испрскаа со вода и го истуркаа министерот за образование, наука и технолошки развој, Срѓан Вербиќ, кој дојде на протестот за да оствари средба со претставници на синдикатите.
Обезбедувањето на министерот веднаш реагирало и се обидело да го однесе во автомобилот, но тој одбил и продолжил да се движи покрај колоната демостранти. Сепак, средбата со претставниците на синдикатите не била успешна и протестот на наставниците ќе продолжи и утре.
Синдикатите бараат зголемување на платите на вработените во образованието, но министерот Вербиќ им рекол дека тоа не е можно, бидејќи српската влада нема пари.