Наставникот Димовски – жртва на политички реваншизам и етничка дискриминација

by fokus

Владо Димовски, наставникот по македонски јазик во „Алија Авдовиќ“ во селото Батинци, општина Студеничани, деновиве без објаснување добил отказно решение од работа. Димовски, кој во истото училиште е од 2008-ма година, смета дека е жртва на политички реваншизам и етничка дискриминација.

Во изјава за ЦИВИЛ, Димовски раскажува дека притисокот врз него почнал уште со неговото експонирање во граѓанскиот активизам и учеството на протестите на Шарената револуција.  Тогаш му бил намален фондот на часови, а по изборите добил отказно решение.

Тој смета и дека, в.д. директорот Кенан Имери, член на ДПА и претседател на Советот на Општина Студеничани, етнички го дискриминира.

-Она што јас го почувствував како притисок од в.д. директорот Кенан Имери, сметам дека е голем чин на национална дискриминација, бидејќи во периодот додека работев таму, на голем дел на мои колеги кои се од албанска националност им беа издадени решенија, а на други колеги – не. И во последиве два месеца, од тоа училиште сме отпуштени четворица дипломирани професори, и сите припаѓаме на македонската заедница. На наше место се примени колеги од албанска националност, кои се со завршено средно образование, а ги предаваат нашите предмети – вели Димовски.

Наставникот на крајот порача, дека треба што поскоро да се расчисти со оние кои што праќаат националистички пораки, преку откази, казнувања и да се посветат на квалитетно образование.

Поврзани новости