Наставник по информатика им предавал физика на ученици во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Тој на часовите им ги читал лекциите, а за да провери што научиле им давал тестови.
На ваквата состојба до народниот правобранител Иџет Мемети се пожалиле родителите, кои реагирале дека на нивните деца им предава несоодветен кадар.
-Народниот правобранител постапувајќи по претставка од родители на ученици во ООУ
„Кузман Јосифовски Питу“-Скопје, на кои часовите по физика им ги држеше професор по информатика, на начин што на часовите им ги читаше лекциите, и заради согледување на совладеноста на материјалот им даваше тестови на учениците, констатира повреда на правото на квалитетно и непречено образование на децата, пишува во годинешниот извештај на народниот правобранител.
Оттаму додаваа дека по укажувањата за обезбедување на кадар кој ќе ги исполнува стручните квалификации, училиштето распишало оглас и избрало кандидат за соодветно реализирање на активностите предвидени со наставниот план и програма.
В.В.