Милан не простува, Франк Кеси под казна

by fokus

Раководството на Милан одлучи да го казни својот фудбалер Франк Кеси со 40 илјади евра поради скандалот со својот клубски колега, Лукас Билија.

Кеси и Билија влегоа во конфликт за време на дербито помеѓу Милан и Интер (2:3).

Кеси беше заменет во 69-тата минута од Андреа Конти и изгледаше многу вознемирен како од својата лоша изведба, така и од резултатот, кој во тоа време беше 3:1 во корист на Интер. На патот кон своето место на клупата, очигледно 33-годишниот Билија му рече нешто на својот соиграч, кој реагираше исклучително остро.

Кеси на неколку пати замавна заканувачки, во обид да нанесе удар, а единствено брзите реакции на Инацио Абате, Рикардо Родригез и Фабио Борини спречија ситуацијата да ескалира.

„Росонерите“ почекаа да завршат меѓународните обврски и Кеси да се врати за да го информираат за паричната санкција.

Малку е веројатно дека тој ќе се најде во тимот на Џенаро Гатузо за претстојниот натпревар против Сампдорија кој е во текот на викендот.

Поврзани новости