452
Наставничкиот пленум најостро го осудува обидот за етикетирање од страна на СОНК протестот да се обои партиски. Потсетуваме дека голем дел од членовите на НП се и членови на СОНК и раководството не смее да си дозволи со паушални соопштенија да атакува врз сопственото членство. Исто така, потсетуваме дека техниката со која во моментов се служи раководството на СОНК најмногу наликува на тактика која партиите ја користат во секојдневното препукување во недостиг на аргументи и конструктивна дебата и затоа апелираме наместо да заокружуваат да се посветат на подобрување на условите за работа на наставниците и учениците и да го прифатат нашиот став и мислење, што е одлика на едно демократско општество.