СОНК е против протестот на наставниците

by Фокус

Синдикатот за образование и наука (СОНК) денеска реагираше по повод протестот на Наставничкиот пленум повикувајќи да не се политизирало образованието.

„Сите кои што се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротиставуваат на секој обид за нивно користење во дневно-политички потреби на политичките партии. На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогодба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно-политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета.

Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од најголемиот дел од огромното членство на СОНК. На крајот ја изразуваме нашата цврста одлучност дека сите обиди за разбивање на СОНК, од страна на која било политичка партија, нема да успеат“, се вели во писмената реакција на СОНК.

Поврзани новости