Наставничкиот пленум бара повлекување на екстерното тестирање

by Фокус

Наставничкиот пленум бара повлекување на екстерните испити и инсистираат да бидат вклучени во секоја наредна анализа и обработка на законите со нивни предлози и мислења. Тие тврдат дека знаењето на учениците е нивна одговорност и тие не сакаат да бегаат од неа.

– Сакаме да се чуе нашиот глас, нашиот став и нашите мислења. Ние не сме статисти, туку актери во креирањето на иднината на младите. Нема да престанеме да се бориме за подобро образование! Тоа им го должиме на нашите ученици, на нивните родители и на нашата земја. Во таа насока сакаме да истакнеме дека никој освен нас, наставниците, професорите и ученците не може подобро да ја познава состојбата во образованието и сите проблеми со кои секојдневно се соочуваме. Како наставнички пленум, ние инсистираме да бидеме директно вклучени во измените и носењето нов закон што нè засега нас и нашите ученици – се наведува во соопштението на Наставнички пленум.

Според нив, прекинот на штрајкот и постигнатиот договор на СОНК со министерот за образование ги обврзуваат уште понеколебливо да ја продолжи својата активност за сите наталожени проблеми во основното и средното образование.

– Нашиот став е дека екстерното тестирање е само капка вода во морето од проблеми и дека истото никогаш нема да го подобри ниту знаењето, ниту одговорноста кај завршениот срденошколец. Би сакале да истакнеме дека, освен екстерното тестирање, имаме уште многу други проблеми врзани со квалитетот и недостатокот на учебниците, но и со недоволно осмислените и несоодветните програмите. Досега ништо од спроведените реформи не придонесе во насока на подобрување на состојбата др наведува понатаму во соопштението.

 

 

Поврзани новости