Наставнички пленум: Учениците се мета на говор на омраза

by Фокус

Наставничкиот пленум со згрозеност остро реагира по основ на ваквото грубо кршење на правата на слободно изразување на учениците, се вели во реакцијата на Наставничкиот пленум, откако вчера во неколку градови беа поставени плакати, на кои беа испишани имињата на членови од Средношколскиот пленум заедно со „Ставот е мало нешто кое прави разлика. Пример 10000 денари кои ги земам за секој организиран протест“.

– Реакцијата на Наставничкиот пленум е оправдлива и со загриженоста која произлегува од фактот дека ваквите постери, делени низ училиштата и лепени по прозорците и бандерите во неколку градови низ државата, во основа се говор на омраза и наша должност е, а и на надлежните институции исто така, децата да бидат земени во заштита и постапката со која се изложени на јавно етикетирање да биде осудена – се наведува во соопштението.

Тие ги повикаа надлежните институции итно да реагираат, така што ќе излезат со јавна осуда на ваквиот чин. Имињата на учениците кои беа испишани на плакатите се оние кои беа активни во текот на случувањата врзани со средношколските протести, организирани по повод воведувањето на предметот математика како задолжителен при полагањето на државната матура, велат наставниците од Пленумот.

 

Поврзани новости